ЗРНЦЕ НАДЕЖ

АНАСТАСИЈА ВАСИЛЕВА

Си беше едно дете, многу чувствително и повлечено во себе.

Носеше голема тежина која не се опишува со зборови. Тоа си мислеше дека за секои проблеми има решенија, освен за неговите. Па се повлече во себеси и не прифаќаше комуникација со други луѓе. По долго време, се сети дека сам не се живее. Сакаше на сите луѓе да им се смири и да им помогне. Но, луѓето ја злоупотребија неговата добрина и неговата искреност.

Реши да се води по оваа поговорка понатаму во животот. Изгубив толку многу блиски луѓе , дури и откако дадов сѐ од себе. Така, сега престанав да барам од луѓето да останат. Тогаш ја сфати смислата на животот - дека е убаво да се живее овој живот, иако ќе изгубиш многу луѓе. Тие ќе те повредат, но од многу личности, секогаш ќе се најде некој добар човек во овој суров и безмилосен живот.

Кога ќе ја изгубиш и последната надеж, тогаш може нешто убаво да ти се случи. Никогаш не се откажувај од тоа што сакаш да го правиш, иако ќе се случат многу работи што не би ги посакал.