Среде Јадро високо, текстуалните инсталации ни стојат!
Посетителите ни се придржија во стапнаа во светот на современите бајки за македонските хероини, напишани од учесничките на работилницата за креативно пишување „Неименувана“.
Работилницата за млади се одржа во јануари, 2024 година.
Под менторство на „Дума ин Сума“, десет учеснички се запознаа со бајките од цел свет, но и мимовите, активизмот и не-толку-познатата македонска, женска историја.
Изложбата се одржа на 17 април во КСП Центар Јадро, а присутните имаа можност да ги прочитаат современите бајки посветени на партизанката Вера Јоциќ, архитектката Мимоза Несторова Томиќ, режисерката Билјана Гарванлиева, уредничката на списанието „Македонка“ - Веселинка Малинска и на партизанката Мара Ацева - Анка.
Современите бајки напишани од учесничките на работилницата ќе продолжат да се раскажуваат понатаму преку постер фанзините и текстуалните инсталации изработени од визуелниот уметник Дарко Алексовски.
По изложбата, текстуалните инсталации ги подаривме на институции за култура и образование, соодветни според дејствувањето на македонските хероини.
Текстуалната инсталација посветена на Вера Јоциќ се наоѓа ОУ „Вера Јоциќ“ - Скопје, а инсталацијата за Мара Нацева - Анка го краси НУЦК „Трајко Прокопиев“ - Куманово.
Текстуалната инсталација посветена на Веселинка Малинска, уредничката на списанието „Македонка“ - орган на АФЖ и прва печатена публикација уредувана од жени и посветена на проблемите на жените во Македонија е поставена во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“.
Инсталацијата за архитектката Мимоза Несторова - Томиќ може да се погледне во Музејот на Македонија, воедно една од сè уште постоечките градби на Томиќ во Скопје.
Текстуалната инсталација во спомен на режисерката Билјана Гарванлиева е поставена во Кинотеката на Македонија.
Инсталациите комуницираат со љубопитните минувачи и посетители преку QR кодови кои водат до целосните верзии на современите бајки.
Идејата зад работилницата и изложбата е популаризацијата на активностите вршени од македонските хероини низ историјата, кои иако подеднакво важни, не се подеднакво застапени во формалното образование.