Едно златно девојче, една таинствена девојка, среќна пијаница и многу љубов... Се само дел од книжените ликови, гости на нашата битолска изложба „кЛИК, сЛИК - сподели кирилица“ создадени со вештачка интелигенција преку непредвидливи кликови и кирилични формули.

Влезете во приказните на трите Анастасии, Бојана, Сара, Михаела, Мирјана, Марија и Дамјан кои беа извлечени од нивната имагинација за време на работилницата за креативно пишување со млади под менторство на „Дума ин Сума“.

За време на работилницата прелетавме од антиката па сѐ до постмодернизмот, по пат сретнувајќи ја Афродита, Херкулес, Ромео и Јулија, Фауст...

Напишавме заедничка поема, а секој ученик напиша свое прозно или поетско авторско дело, во кое ја раскажа приказната за својот книжевен лик. Потоа со помош на вештачка интелигенција, книжевните ликови создадени од стилата на учесниците, се манифестираа крај Драгоро...

Работилницата се одржа во Младинскиот културен центар - Битола, а книжевната авантура ја заокружуваме со изложба во кафулето „Улаф сте“.

Уметникот Дарко Алексовски визуелно ги пренесе напишаните текстови во мали, шарени книгички - фанзини.

Фанзинот е неофицијално издание, создадено ентузијастички и панкерски, по „направи сам“ техника. Фанзините се користат за споделување идеи и креативно изразување.

Без разлика дали ќе кликате преку QR кодовите или ќе земете фанзин, дојдете да се дружиме и да споделиме кирилица <3