-+Динг, динг, динг!

Хартија топла како утрински леб

тежи вести од целиот свет ■

Нашиот весник е Именуван;

има свој ммманифест -

сѐ за да се пренесе вистинска вест,

да паднеш во ▐бесвест*


На големо исчекување на сите, бев испечатен - ЈАС. Низ моите тенки и шарени страници, забава и по нешто паметно може да прочита секој. Јас сум весник за сите од 7 до 107.

Колку листа весник тежи вистината?

Рубрики, рубрики - рубикова коцка. За секого по нешто, умешно и вешто. Но, не стравувајте, моите новинари поминаа тешка и макотрпна обука за да заслужат делче од некоја моја страница. Прво се изначитаа сѐ: „Млад борец“, „Остен“, „Маргина“, „Лифт“, „Македонка“, „Тротоар“, „Екран“, „Наш свет“, „Тин Шема“, ги следеа писателските битки меѓу „Современост“ и „Разгледи“. Едвај спасија жива глава, и бегаа дури до 1939 година за да се запознаат со Пајо Паторот во „Политикин магазин"… Потоа ја запоседнаа Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, како што е ред нели? Таму се запознаа со Тина од Периодика, со Даниела од Книговезница и со нејзината магија со златни букви, конци, текст и машини; во мистериозна просторија. Имавме уреднички состанок со Сузана од „Другарче“ за тоа како еден весник да стане целина и дека новинарството бара дисциплина. Но, тоа секако не беше доволно. Тренингот заврши на интернет! Дури викаа ура ура за хиперлитература! Но, кој може да искулира кога ќе ѕирне зад завесата од кодови на еден хипертекст. Го прочитаа Алан Шварц, пребаруваа бесплатни е-библиотеки и го почувствуваа колективизмот. Но, јас сум аналоген, неопходен, незгоден. Сега тука пред вас, ова мое типкано тело во читатели бара од мастило и преси спас. Земете ме, уживајте, читајте и запомнете; јас сум приказна за сите НАС!

ШОК