ЗМЕЈОТ И МАГИЧНАТА КАМЕРА
СИЛВАНА x МОНИКА
3/31/2024
Си била една паметна, убава и талентирана жена, се викала Билјана Гарванлиева. Една вечер на прозорецот се појавила самовила која ѝ дала една магична камера. Самовилата ѝ рекла на Билјана да ги снима шивачките како вредно работат, а потоа и газдата - Змејот. Доколку таа го направела ова, ќе била наградена.
Утредента Билјана се решила да ги сними шивачките. Кога влегла многу ѝ паднало жал за изморените, изнемоштени, шивачки.
Билјана ги снимала шивачките како вредно шијат - нивниот труд бил огромен, но тие ѝ кажале дека многу често работат за џабе. Се договориле дека Билјана ќе докаже како Змејот го грабнал целото богатство. Шивачките многу се израдувале и ѝ дале на Билјана магичен сок од боровница, за да стане невидлива.
Таа се напила од сокот и се упатила до раскошната вила на Змејот од чии дворови се гледал целиот град. Кога влеглав внатре, се запрепастила од луксузот.
Ѕидовите од вилата биле од злато, а Змејот се препелкал во златници.
Билјана била многу изненадена и се прашувала како е тоа возможно? Откако завршила со снимањето на алчниот Змеј, таа се вратила кај шивачките и им раскажала на шивачките што се случило, дека Змејот крие цело богатство кое себично го чува за себе и не сака да го сподели со градот со кој господари.
Шивачките многу ѝ се заблагодариле на Билјана, за нејзината храброст и искреност. Тогаш ѝ откриле дека тие се самовили заробени од лошиот Змеј со помош на една стара, лоша магија. Тие побарале од неа да сними уште три филма за магијата на камерата сама да ги објави. Па така на Билјана ѝ текнало да сними филмови за „Тетовскиот самрак“, „Девојчето што бере тутун“ и „Девојчето што свири на хармоника“.
Една вечер на прозорецот пак се појавила самовилата и ѝ рекла на Билјана дека таа секогаш ја следела кога ги снимала филмовите.
Самовилата ѝ кажала дека филмот за шивачките и девојката што бере тутун ќе привлечат посебно внимание.
Преку ноќ магичната камера ги објавила сите филмови на Билјана.
Кога Билјана станала пред нејзиниот стан имало многу новинари кои ја прашувале како успеала да сними вакви добри филмови и кај е девојчето што бере тутун?
Ама Билјана знаела дека не може да дава информации, па ги избегнувала новинарите.
Билјана седела во својата соба и тогаш Самовилата пак дошла да ја посети и ѝ кажала да го досними филмот за девојчето што бере тутун.
Билјана решила да ја послуша Самовилата и така дознала дека алчниот Змеј повторно бил вмешан во тоа - го терал сиротото девојче да бере тутун, крадејќи го богатството.
Билјана го снимила филмот и Самовилата дошла во нејзината соба за последен пат. Тогаш ѝ рекла дека е многу храбра за нејзините филмови и ја наградила со тоа што ѝ ја подарила магичната камера, како и магичен сок од боровинка. Самовилата имала уште еден подарок за јунаштвото на Билјана и ѝ подарила магичен телефон за да се слушаат, па ја пратила на долго патување.
Во меѓувреме, Змејот бил приведен.
Еден ден на нејзиното долго патување пред Билјана се појавила црна мачка која и кажала дека успеала да му покаже на светот што е жена- борец и дека самовилите ја поздравуваат.
Така Билјана си ја продолжила кариерата низ светот и била многу среќна. Билјана успеала да им покаже на богатите луѓе дека секој труд треба да биде платен.