ТРИ ДОЛГИ ДЕНА
ДЕСПИНА x АНАСТАСИЈА
Беше паднало мрак, a на небото се појавија првите ѕвезди. По нив се јави и месечината. Беше ладна есенска вечер. Штом Вера виде дека е мрак, тргна право во планината за да им однесе малку храна и вода на партизаните кои одамна ја чекаа. Вера го облече капутот и тргна по патот накај планината. Секој шум на дрвјата ѝ зуеше во уши, стравот крвта ѝ ја заледуваше, умот само името на непријателот го изговараше, а срцето сѐ побрзо и побрзо ѝ чукаше. Ја здогледа куќарката длабоко издиша.
Но, како нешто да не беше во ред со куќарката, не светеше, а и надвор го немаше војникот кој чуваше стража. Тогаш на Вера ѝ поминаа разни мисли низ главата, си помисли „Што ако ова е замка на непријателот? Што ако сега ја држат на нишан? Што ако пукнат во секој момент?“ Зад себе слушна чекори и нешто ладно ѝ го допре вратот. Знаеше дека тоа е пушка. Се прашуваше дали ова е крајот на нејзиниот живот. Тогаш слушна груб машки глас.
„Ајде Вера, нашите те чекаат“.
Вера длабоко издиша и ѝ олесна, па веднаш тргна по војникот. Кога пристигна во колибата, таму ја чекаше командантот Шопов. Ја поздрави, а Вера го отпоздрави. Но како нешто да се случи со нејзе, во срцето почуствува топлина.
Пред нејзе стоеше новиот командант, Шопов. Беше млад, висок и симпатичен. Вера ги остави работите и срамежливо замина. Поминуваше време, а Вера сѐ повеќе и повеќе се заљубуваше во командантот Шопов. Вера реши да се бори за слободата и да стане партизанка. Отиде во штабот и на командантот му кажа дека сака да стане партизанка и да се бори за слободата. Шопов до неа имал молба. Знаел дека таа е единсвената девојка во својот клас, па ја замолил воедно додека биде партизанка да биде и курирка и да разнесува писма. Тогаш Вера ќе почне да ги разнесува писмата и секој ден станува сѐ повешта и повешта во својата работа.
Шопов сето тоа го забележал и од ден на ден сѐ повеќе се заљубувал во Вера. Бидејќи веќе не можел да ја крие љубовта кон неа, решил да ѝ каже оваа ноќ.
Но, тогаш во далечината се слушнале кучешки лаежи и тропот од непријателите. Тогаш Шопов сфатил дека се откриени и дека мораат што побрзо да се извлечат од замката. Тој им наредува на партизаните бешумно да се искрадат и што побрзо да избегаат во длабоката шума. Шопов тргнува заедно со Вера, но бидејќи надвор било мрак, не знаеле каде е патот. Тогаш на небото се појавиле две ѕвезди и тивко проговориле:
- „Тргнете по нас, ние патот ќе ви го осветлуваме“.
Тогаш Вера се свртела кон Шопов и рекла: „Види, ѕвездите наликуваат на очи“. Непријателите веќе им дишеле во врат, во секој час можеа да ги стасаат.
Тогаш Вера рече: „Ајде да се бориме, ајде да не бегаме!“. Шопов се согласил со Вера и им наредил на сите што имаат пушка да дојдат напред и да се борат. Вера ја потпрела пушката на каменот и почнала да пука. Но, во тој миг нешто железно и студено ѝ се пробило низ градите. За миг почуствувала голема болка, голем студ. Во тој момент Вера знаеше дека тука е крајот, но не можеше ништо да каже пополека ѝ се затварале очите. Над неа стоеше Шопов кој нежно ја бакнуваше по челото и ѝ велеше да издржи.
- „Соседното место е блиску, таму ќе те однесеме и ќе ти го извадат куршумот“, ѝ велеше Шопов.
Тогаш Вера ги стисна забите и со последната сила, извика: „Покриј ме, ладно ми е!“. Тогаш Шопов нареди Вера да ја стават на носилка заедно со другите ранети. Тргнаа по мрачната шума. Цел пат на Шопов срцето му се кинеше на најситни парчиња. Одеа и одеа и помина првиот ден, партизаните беа гладни и жедни. Изминуваше вториот ден, а партизаните беа сѐ поуморни, гладни и жедни. Ни трага од патот до селото. Дојде и третиот ден, а партизаните веќе немаа снага ни да се помрднат. Тогаш Шопов и уште еден партизан ја продолжија и ја носеа Вера. Повторно паднало мрак, а партизаните седнале да одморат и да размислат за утрешниот ден. Вера веќе три дена ништо не зборувала. Тогаш Шопов рекол: „Убавице моја, издржи“.
Вера тивко шепотела:
земјата ќе биде мојот кревет,
небото моето ќебе,
ѕвездите нашата љубов,
мракот нашиот непријател,
зората ќе ја оплакува нашата љубов,
тревата ќе овене,
а цвеќињата нема да цветаат,
ова дрво каде што сум јас потпрена
ќе биде нашиот дом.
Откако го кажа ова, Вера ги затвори очите. На Шопов му потекоа солзи, зашто знаеше дека убавите очи на Вера Јоциќ згаснаа. Ја бакна во чело за последен пат и ја покри со ќебето. Шопов побара хартија и мастило, седна на мократа трева и почна да пишува песна за неговата љубов кон Вера;
Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка во погледот срчен,
и секоја капка од твојата рана
ко крвава жар ми капеше в срце.
Откако го напиша првиот стих, Шопов нареди да се соберат ѝ да и оддадат почит на Вера, a потоа да продолжат кон селото. Кога стасаа во селото ги сместија ранетите во болницата, Шопов излезе надвор и продолжи да ја пишува песната. Ете вака, од преголемата љубов на Шопов кон Вера Јоциќ, се роди песната „Очи“.