ТИ СИ ЉУБОВ ШТО СЕ СЛУЧУВА

МАРИЈА СТОЈАНОВСКА

Ти си љубов што се случува,

можеби и се гледа, а и чувствува,

можеби ќе ја препознаеш и по широката насмевка

а можеби и по начинот на кој те погледнувам.

Ти си љубов што се случува,

пеперутка шарена што прелетува

празниот простор во утробата што го исполнува

животот што ми го не знам да го прочитам зборот

О, љубов моја, зар никогаш не сум ти кажала?

Дека само кога те гледам тебе,

мислам дека се гледам самата себе,

и тоа е доволно,

за ова што е денес.

И секоја пеперутка е доказ дека живеам,

дека те љубам како знак и умеам

дека ќе симнувам и ѕвезди од небото

за ова што е, вечно да трае.