ТАИНСТВЕНАТА ДЕВОЈКА

МИРЈАНА БУЧИНОСКА

Беше нова, убава девојка во нашето училиште. Имаше убави големи кафени очи, долга густа руса коса, голема црвеникава усна и преубава насмевка. Кога ќе се насмееше како некоја светлина ја осветлуваше просторијата. Секогаш ведра и насмеана, но имаше една маана, не зборуваше многу, скоро ич.

Скоро два месеци се знаеме а никако да размениме ни два збора. Бев многу љубопитна, зошто не зборува, да не се срами, да не има некоја маана или пак не знае да зборува?!?!

Толку многу прашања, а одговор нема, да барам, ама каде да барам, непријатно ми е да ја прашам. Зар не сака да зборува со околината во која се наоѓа, зар не сака да зборува што чуствува. Зар, зар, зарем...

Поминував покрај тоалетот и слушнав убава мелодија, убав глас, убав како на славеј. Ја здогледав убавата девојка, жими се таа е. Таа пее, Господе знаела да зборува, јас пак се уплашив да не не знае да зборува.

Ме виде и преќина, се усрами.

Си помислив леле што направив, сто посто ја уплашив кутрата девојка. Но, таа ми се насмевна со онаа убава црвеникава усна и прекрасната насмевка. И тогаш ја прашав:

Зошто не зборуваш? Да не се срамиш?

Таа ме погледна остро со големите кафени очи, и ме гледаше и гледаше и гледаше и јас се збунив. И по така долго гледање ми рече:

Не дека се срамам, т.. туку кога.... – следеше кратка пауза па продолжи.

Кога ќе зборувам, посебно кога сум нервозна, не знам што зборувам и се бунам и затоа го зборувам и тоа што треба и тоа што не треба. И ЕТЕ! Сега пак истото го правам зборувам многу. Пуста јас. Подобро е кога ќутам.

Јас ја фатив за раце и ѝ реков:

Види ваму, вдиши, издиши и издржи, а потоа, потоа стани застани и кажи. Кажи што мислиш јасно и гласно, без страв, очај или тага. Бидејќи секој глас вреди! Исто како и мојот така и твојот.

А инаку, знаеш ли дека многу убаво пееш?