ЉУБОВ
САРА РАДОВАНОВИЌ
Прошетките на блиската плажа со мојата најдобра другарка Теа, е едно од најубавите нешта на светов. Овие прошетки ни беа речиси како ритуал, се случуваа секој вторник во неделата. Најчесто се задлабочувавме во нашите разговори до ниедно време, сѐ додека не се појавеше месечевата светлина.
Но, овој вторник беше различен од другите. Јас и Теа се упативме кон плажата. Сѐ се случуваше нормално, како и секој пат, но денес можев да видам нешто.
Во далечината се издвојуваше висока, црна силуета. Изгледаше застрашувачки. Но, мојата заинтересираност беше посилна од мене. Решив да пријдам. Кога се доближив видов дека тоа е всушност човек, маж со црна, долга коса, која го прикриваше неговото нежно и бело лице.
Во тој момент не бев исплашена, туку напротив, како да имав пеперутки во стомакот. Сите беа посеани со сјај. Ова чувство ми беше непознато. За прв пат во мојот живот се запознав со чувството што некои го нарекуваат - љубов. За жал, немав срце да му пријдам и да се претставам. Од тој вторник не го видов на нашата плажа, но до ден денес, после две години, сѐ уште размислувам на тој момент.