ПРЕРОДБА

ЈАНА ГОСПОДИНОВА

Во некое идно време далечно од сега, се родило девојче благословено со честа да ја чува судбината на светов. Девојчето, по име Силвија живеело нормално детство, сѐ до ноќта на нејзиниот десетти роденден кога ненадејно ѝ се појавило јајце пред врата.

Љубопитната Силвија го заземала јаглен-црното јајце во белите дланки и веднаш слушнала гласен повик кој доаѓал и од земјата и од небото: - „Чувај го ова наднебесно јајце, во неговата нежна обвивка лежи моќта да се уништи сѐ што вие „луѓето“ нарекувате реално!’’

Силвија, исплашена, со голема посветеност и грижа го негувала скапоценото јајце многу години. Не можела да мисли на било што освен неговата безбедност до степен што станала роб на нејзината опсесија за заштита на светот од својот темен крај.

Со заклучокот дека злобниот свет веќе не вреди за чување и под притисок, кутрата Силвија одлучила дека веќе не може да трпи. Со голема лутина го раскршила јајцето и со нежните прсти ги зела како мало дете. Плачејќи, му ја испила внатрешноста.

Земјата и нејзините суштества, целата човечка цивилизација исчезнале. Силвија отворила нова ера, станувајќи господарка на новиот, идеален свет.