ПОЛНА МЕСЕЧИНА

ДЕСПИНА х СИЛВАНА

Еднаш многу одамна, си живееле една жена и еден маж и имале три ќерки. Но, мајката и ќерките биле многу злобни и биле многу алчни, сакале многу пари, додека таткото и едната ќерка биле многу добри.

Тие живееле во едно далечно кралство. Кралот и кралицата имале два сина и една ќерка, едниот син и ќерката биле во брак, но третиот син никако не можел да фати девојка. Мајката и трите ќерки гледале како да ја избркаат нивната полусестра од дома, бидејки сметале дека таткото многу ја мазел, ама никој план не им успевал. Последно што им текнало било да ѝ фрлат клетва. „Секогаш кога на небото ќе има полна месечина, девојката да се претвори во волк и да биде многу агресивна’’.
Арно ама девојката ги чула. Не знаела што да прави, па не ѝ останал друг избор освен да крие и да живее така.

Набрзо мајката и трите ќерки умреле а потоа таткото. Девојката - волк останала сама. Секогаш кога ќе се појавела полната месечина, таа се претворала во волчица и се криела во шумата. Така минело и минело времето. Еден ден, во кралството се расчуло дека кралицата најавила дека е бремена со уште едно девојче, па Кралот целиот радосен им наредил на слугите да ги поканат сите на вечера.

И така цел град се подготвувал, дури и девојката-волк. Кога забавата почнала, девојката-волк се појавила и принцот се заљубил до уши. Но, набрзо девојката-волк почувствувала глад за крв. Знаела дека ако остане нема да биде добро, па истрчала од забавата. Принцот ја забележал и тргнал по неа, но залудно, неа веќе ја немало. Останала само во мислите на принцот. Дошло време кога кралицата требало да се породи, па за среќа принцот пак ја видел девојката-волк на прославата. Овој пат подолго зборувале и се запознале. Кога завршила забавата тие седнале на тревата и ги гледале ѕвездите и месечината, многу си зборувале и сѐ си раскажале. Сепак таа не ја открила својата мрачна тајна. И така набрзо девојката-волк се венчале со принцот и сите биле среќни. Минело и минело времето и принцот уште повеќе се заљубувал во девоката-волк. Таа исчезнувала на секоја полна месечина. Тоа го забележал принцот и многу мисли му се свртеле низ глава. Наредното утро, кога се вратила девојката-волк, Принцот ја прашал што се случува и зошто ја нема кога има полна месечина.

Девојката-волк во тој момент се одлучила да му ја каже целата вистина. Тоа го растажило принцот, па решил да ѝ помогне по секоја цена. Решил да биде покрај неа на следната полна месечина и дури и во тие моменти да ѝ покаже колку ја сака. Колку е силна неговата љубов. Планот успеал и принцот и девојката-волк среќно си живееле и ја гледале заедно секоја следна полна месечина.