ПАТЕШЕСТВИЕ

МИХАЕЛА ЈОВАНОВСКА

Се движам, се движам, одам, барам, трчам, паѓам… Седам така на подот, полека станувам и продолжувам да одам. По одредено време стапнувам на камен. Ногата толку многу ме заболува што ме тера да ги погледнам моите боси, крвави, несигурни стапала. Погледнувам нагоре и гледам дека сум стигнала на некое пусто место. Каде сум јас? Погледнувам пак надолу, ме мава ужасната болка од претходно, од моето стапало, но сега се движи нагоре, ме обзема целата, се укочувам, стапалата повеќе не си ги осеќам, па седнувам на земјата, седам таму долго време сè додека не ме пронајде еден човек. Го гледам носи чевли, мислам дека халуцинирам, толку сум збунета, што не прозборувам, тој нежно се навалува на кај мене и ме прашува каде одам и што правам тука, и така како гром од ведро небо сфаќам дека не знам, не знам што правам, не знам каде сум, не знам каде одам… Да, каде јас всушност одам, каде ме носат овие пусти уморни нозе, го гледам човекот збунето, ми ги гледа стапалата и смирено ги соблекува неговите чевли и нежно ги става на моите стапала, полека ме станува и ми вели дека ме води во продавница за обувки, никогаш го немав почувствувано ова. Откако си добив мои чевли, стапалата повеќе не ме болат, закрепнувам, одам по патот сигурно без никаква пречка, со конкретна цел.