ОTСЕКОГАШ СУМ ГИ МРАЗЕЛА ЦИГАРИТЕ

САРА МУРАТОВСКА

Отсекогаш сум ги мразела цигарите

растејќи гледав како го преземаат животот на моите блиски.

Се сеќавам дека на 9 години го мирисав тој мирис,

мирис на изгорена цигара и нечистотија.

По неколку години повторно го почуствував во мојата околина,

ме потсети на мојот најдобар пријател од детството,

неговите баба и дедо секогаш пушеа цигари.

Познатиот мирис ме потсетуваше

на сите наши спомени и игри во неговата собa.

Се сеќавам дека имав 15 години кога го гледав момчето во кое бев

вљубена како пуши цигари додека не можеше повеќе да дише.

Го мразев вкусот на неговите усни.

Ги пушеше цигарите само за да ме вознемирува

дури и се осмелуваше да ми дува дим право во моето лице...

Отсекогаш сум ги мразела цигарите.

Се сеќавам дека имав 18 години кога те сретнав, а ти пушеше цигара.

Гледав како те уништува.

Секое утро се будев и слушав како кашлаш

на пат надвор по твојата прва утринска цигара.

Понекое време почна да ме лажиш за нив,

но кога те прегрнав го почувствував силниот познат мирис...

Мирисот што никогаш нема да го заборавам.

Отсекогаш сум ги мразела цигарите.

Ме болеше да гледам како го преземаат твојот живот.

Се сеќавам дека ти помогнав да се ослободиш од зависноста.

Повеќе не мораше да плукаш секое утро

Веќе не кашлаше, веќе немораше да се криеш на секои 30

минути само за да пушиш цигара.

Белите дробови почнаа да ти се чистат и ми кажа дека си среќен

дека конечно можеш повторно да дишиш.

Поминаа месеци и повеќе не сме заедно,

Сè уште се сеќавам на денот кога некој ми кажа дека повторно си почнал да пушиш.

Ме растажи кога се сетив како толку брзо го фрли целиот напредо што го постигнавме.

Не можев а да не помислам на ноќта што ја поминав седејќи до

тебе во твојата гаража додека си ја испуши твојата „последна цигара“.

Се сеќавам дека имав 20 години бев пијана и ми недостигаше и

најблиското нешто што можев да го добијам во споредба со твоите

усни беше пушење цигара.

Се сеќавам дека го мирисав на мене мирисот што отсекогаш го

мразев, но овој пат беше утешен.

Она што започна како само една цигара за да се потсетам на

чувството да се биде околу тебе само за последен пат,

Сега е нешто по кое посегнувам секогаш кога ми недостигаш.

Но јас, јас отсекогаш сум ги мразела цигарите.