НИКАДЕ НЕ ПРИПАЃАМ
ТЕОДОРА ВЕЛКОВСКА
Во куќа, во стан,
со луѓе или сам,
никаде не припаѓам.
Големи, црни крупни очи.
Вечна тишина,
секој звук до мене кочи.
Црвено џемперче ми дава среќа,
се лутам, чувствата ги фрлам во црна вреќа.
Долга, витка става,
мало дете без глава,
по пат секој поглед ми дава,
со голем прашалник ме остава.
Тажна насмевка под маска кријам,
никој не знае колку солзи лијам,
стравот во мене вие,
срцето силно ми чука, ми бие.