НАПРЕД-НАЗАД
АНАБЕЛА АЛ АББАСИ
Напред, назад, напред, назад…
Каде ли оди тој?
Лева, десна, лева, десна…
Што ли си прави овој?
Со грбот во форма на прашалник,
чевлите како точка мала.
По секоја улица чекореше,
по што ли е во потрага?
Сите ме гледаат како чудовиште,
со секакви погрдни коментари…
Јас сум само една изгубена душа,
насочете ме каде да одам,
по кои тротоари?
Напред, назад, напред, назад…
Каде ме води ветрот денес?
Лева, десна, лева, десна…
Ќе го следам ако и до небес.
Забркан го гледам тротоарот,
што ли му мине низ главата?
Едно, па друго. Едно, па друго.
Стапалата си го прават своето.
Чекорите му се бескрајни,
стално негде оди точка.
Дали има крајна цел?
До кога вака животот
ќе го води?
Сите мислат дека не знам што правам
и можеби се малку во право.
Но, ќе продолжам во заблуда да одам,
каде и да завршам,
среќен ќе сум таму.
Не знам кој сум и не знам што сум,
сите го гледаат тоа.
Еден голем прашалник по улиците,
Можеби ако продолжам да одам,
ќе се снајдам.
Ќе се водам.
Можеби веќе нема да сум
еден интерпункциски знак што лута.
Ќе најдам пат, ќе најдам и рута.