МОНА ЛИЗА ВО БЕГСТВО

ЛАРА ЈОВАНОВСКА

МОНА ЛИЗА ВО БЕГСТВО

7 часот наутро. Птиците само што го завршија својот утрински разговор. Звукот на полициските сирени се ширеше низ целиот град. Сѐ уште не можев да поверувам. Јас, еден обичен шпански доктор, заплеткан во ваков скандал, главен лик во оваа мистерија. Ах, да! Вие сѐ уште не сте запознаени со катастрофата која некни се случи. Затоа, подгответе се…

Само што пристигнав во овој прекрасен француски град, јас морав веднаш да го посетам познатиот музеј Лувр. Но, зошто овој доктор е заинтересиран во такви работи? Епа, овој љубопитен доктор порано беше познат шпански уметник. Одејќи кон музејот, го замислував чувството кое ќе го доживеам гледајќи го величествениот портрет на Мона Лиза. Но, на мое изненадување, беше сосема празен! Не можев да си поверувам на своите очи. Отидов да го известам обезбедувањето, но тој ме избрка кажувајќи ми дека музејот затвара. Натажен, излегов надвор кога ја здогледав. Мона Лиза заробена во зајачка дупка! Имав толку многу прашања, но прво морав да ѝ помогнам на кутрата дама. Ја извадив мојата омилена блуза од куферот и ја фрлив во дупката, држејќи го едниот крај. Влечев и влечев, но госпоѓицата не излегување. Конечно, едвај ја извлеков од дупката и нема да поверувате- ми се насмеа! Но таа никогаш не се врати во музејот…

***

Уф, се спасив! Бев ставен во кутивчето за недела. Тоа е далечен ден, така? Не! На мое изненадување и неочекување, денес било недела! Оф, како ли ќе заврши мојот апчешки живот? Дали ќе ме згмечат, испијат со вода, плукнат, никој не знае! Имам слушано од другите апчиња дека нашите кутри пријатели отишле во Гастерланд на многу различни начини. Дојде моментот. Маја го отвори кутивчето и ме зема. Бев во исчекување, но ништо од очекуваното не се случи. Маја ме раствори во вода!

ТИПИЧЕН ДЕН ВО НЕБИДНИНАТА

Денот после моето умирање, чекав на семафор да се регистрирам во небиднината. Така, чекајќи, ги набљудував живите луѓе на дното на овој свет. Одеднаш, забележав нешто на врвот на еден авион. Тоа беше Фреди Меркјури со цигара во рака! Толку бев изненаден што по грешка го удрив мојот нокт од решетките на вратата.