КОЈ ГО УБИ КРАЛОТ

МИЛА ЈОВАНОВСКА

Кралот беше мртов. Јас го убив.

Утрата во палатата беа исти за принцезата на Шумското кралство. Станував, се облекував, набљудував. Станував, се облекував, набљудував. Сопственото постоење ми претставуваше ми беше загрозено покрај брат ми и татко ми. Народот нив ги гледаше со восхит, а мене со презир. За нив бев само Девојката со крилја, ништо повеќе. Трнот во разгранетата ружа на кралското семејство. Започнував со својата ценета задача на набљудување, кога слушнав гласови. Татко ми и брат ми.

  • „Впрегни ги коњите, вооружи ги војниците и не заборавај, сине... го ставаме нашиот народ во опасност. Тргнуваме в мугри.“

Војна. Целото кралство оди во војна. Нашиот непријател не ми беше мистерија, земајќи предвид дека немавме... Oсвен народот без име. Луѓето на Темната долина, ги нарекувавме. Секој од нив наликуваше на различна формација од природата. Нивниот мотив - непознат. Но дури и без причина, нашите луѓе мораа да го бранат кралството и Величественото дрво, според нашите предци: свето дрво, дрво на животот, здравје, среќа, плодност.

Се разбира, наивната јас последна дозна. На крајот на денот, жените не смеат да стапнат на бојното поле, посебно не оние со крилја.


Ги набљудував како тргнуваат. Илјадници надежни војници чиј последен миг ќе ја одбележи нашата победа. Реалноста ме удри како камен птица. Татко ми, болен, стар, истоштен, ги искусуваше своите последни отчукувања на биолошкиот часовник. Тик-ток, тик-ток. Звуците ми одекнуваа во главата. Моето присуство беше задолжително.


Одлучно, влегов во првата соба на вториот спрат, собата со оклопи. Го прицврстив оној оклоп кој најмногу прилегаше на моето тело и заминав. Да, јас ги немав вештините и силата на еден војник. Но, ја имав брзината и моите крилја, кои сега претставуваа тајно оружје под мојот оклоп. Разлутен оган ја зароби мојата душа - гнев. Кралот на Темната долина ќе умре. Јас ќе го убијам.

Пристигнав со очекувања различни од реалноста. Двата крала... разговараа? Стотици прашања ми ја окупираа глават додека се обидував да прислушкувам. Кралот на Темната долина спомна нешто во врска со Величественото дрво. Тој падна на колена, молејќи го татко ми. Тогаш, мислите ми се склопија како сложувалка. Како и на нас, Дрвото им даваше живот и на нив. Тие беа луѓето на Долината. Тие беа долината. Ние, лакомите, сме им го краделе Дрвото со векови. За мое изненадување, брат ми застана на страната на Долината. Но, гневот го окупираше целото тело на татко ми. Човекот на кој му верував и го сакав повеќе од сѐ на светот почна да убива невини луѓе. Веднаш го соблеков оклопот, ослободувајќи ги моите огромни, волшебни крилја.


Заслепен од лутината, татко ми го крена Камениот меч, дел од кралското наследство, над

брат ми, но застана. Целото тело му беше парализирано, сѐ уште држејќи го мечот цврсто.

Крв, црвена како пролетна ружа протече од местото каде го прободев. Конечно, неговото безживотно тело падна пред моите нозе, откривајќи го неговиот убиец. Сега сите знаеа…

Неговата ќерка го уби. Девојката со крилјата го уби.