ДЕВОЈЧЕ ЗЛАТНО

ДАМЈАН ТОМЕВСКИ

Млада девојка таа беше, Ана,

примерна, достоиствена, без никаква маана.

Доцилна како што секој очекуваше да биде,

на каква се неволја може ли некој со неа да наиде?

Сонцето силно блескаше,

метежот во градот врескаше.

Љубинка си рече нов ден ќе биде,

Што може ли денес да виде?

Или ништо? Таа честа секојдневна монотонија,

макар нешто, да осети дури и агонија.

На портата отиде да ја види комшиката Ана,

почна да ѝ наоѓа некаква маана,

обичај да преќути ѝ беше.

Да ја држи водата секогаш ѝ успеваше

ама сега, на Ана ѝ беше дојдено преку глава

па ѝ беше гајле каков впечаток става.

Водата исплива на дното

и ѝ го кажа на комшивката најбедното:

„Слушај ти несреќна и мизерна старице

никој тебе нема до гроб да те жали,

па ни мене нема да ми е гајле за твоите замерки мали“

Старицата во неочекување побледе сета

на ваков убав ден веќе не ѝ се шета,

а таа самата за добра си се смета,

не знае дека многу високо на небото лета.

Па сега намуртена во куќата си иде

и сега конечно нешто ново ли виде?

Каков шок тоа беше, денес што го доживеа,

згрозена од вистината, што не ја прифаќаше.

Ана се осети слободна, конечно во лет,

со румена насмевка на лице си рече

„Јас не сум совршена,

но барем излегов од мојата персона површна“