БЕТОНСКА БАЈКА

ЈАНА x АНГЕЛИНА

Нашиот град е големо платно на кое што само одредена група луѓе можат да сликаат. Во едно далечно време - 1963, под влијание на нешто помоќно од нас, платното се скинало.

Се слушнало од далечините како црвените цигли се ронат во почвата, кoрените на чемпресите се влечат од својот топол дом, а часовникот на кутрата железничка за последен пат oтчукува.

Сево ова го засведочила младата Мимоза, па веднаш сфатила што ѝ е мисијата - да спречи ова повторно да се случи. Таа имала визија, визија за нешто неуништливо, за вечно Скопје.

Со часови и денови скицирање и планирање, иднината на градот личела сѐ побистра.

Но, поради огромната оштета реставрирањето не одело толку брзо како што очекувала Мимоза, а нејзините идеи не биле лесно и веднаш прифатени.

Скица нацртана, скица искината. Блок по блок, улица по улица, изградена па срушена, па комплетно заборавена. Пред себе само го гледала часовникот - 04:17, 04:18, 19:20... Минутите ја бркале, а бетонот се топел. Стоејќи високо на Kале, се воодушевила како светлата на булеварите ги имитирале ѕвездите.

Во нејзините очи полни со надеж, Сатурн бистро se рефлектирал. Една долга ноќ, додека Мимоза скицирала под светлината на месечината, темна сенка го покрила листот и чинијата брусници до него.

Понатамошните случки не ѝ се верувале. Времето не е толку апстрактен концепт како што таа мислела, тоа го разбрала кога Времето, некаде познато и како Сатрун, се појавило директно пред неа. Сатрун стоел високо колку кулите што ги цртала, со тенките прсти си играл со ткаенината на универзумот. Без потреба да разменат зборови, тие со жесток поглед комплетно се разбрале.

Сенката се кренала, одкривајќи ја празната чинија, брусниците биле голтнати од времето. Со годините кулите биле изградени, дрвјата засадени, а визијата на Мимоза станала реалност.

Го поминала големиот предизвик, со голем сон и тона бетон срцето на градот одново чукало.