БЕС И ПРСТ
ДЕСПИНА ВАСИЛЕВА
Во нашето маало живееше еден човек. Тој живееше во зградата до нас, а ние не знаевме ништо за него. Беше повлечен и бесен. Но, за бесот не знаевме сѐ до еден ден, кога не се чу јак тресок. Тогаш дознавме дека тој бесот го вади удирајќи во ѕидот. Мене мајка ми ми зборуваше да не се доближувам до него бидејќи може да ме повреди, но јас не ја послушав. Едно утро кога требаше да одам до продавница го сретнав и го загледав. Тогаш видов дека му е скршен прстот. Тоа беше последицата од ударот во ѕидот. Сепак го поздравив и заминав. Од тој ден не го видов, поминаа две недели. И една вечер, додека седев со другар ми пред зградата, го здогледав. Стоеше и пушеше цигара. Прво бев збунета, но едно сфатив - тој сега го вади бесот со цигари, а не со удирање во ѕид.